Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 64 – Куманово 8 – Штип 6 – Прилеп 3 – Тетово 16 – Струга 7 – Велес 5 – Битола 4 – Охрид 5 – Гостивар 9 – Струмица 1 – Крива Паланка 1 – Кочани 1 – Пробиштип 1 – Кратово-1 – Свети Николе 7 – Кичево 4 – Ресен 4 Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти. – Скопје 56 – Штип 7 – Тетово 36 – Велес 2 – Битола 3 – Гостивар 1 – Гевгелија 2 – Струмица 1 – Свети Николе 1 – Ресен 2 Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611.