Охрид 6, Струга 5 нови случаи на корона

Во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 107 – Куманово 14 – Штип 4 – Тетово 23 – Струга 5 – Битола 2 – Охрид 6 – Гостивар 4 – Струмица 1 – Кочани 1 – Берово 1 – Ресен 13 – Неготино 1 Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти. – Скопје 22 – Дебар 1 – Штип 1 – Прилеп 1 – Тетово 1 – Велес 2 – Битола 1 – Кочани 2 – Свети Николе 1 – Кичево 1 Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани