Охрид бара забрана за влез на жители од други градови

Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, побара од Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот.

Оваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели. Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој. Врз основа на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е навистина неопходна.
Оваа мерка значително ќе придонесе и за намалување на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните на Охрид, со тоа што ќе се оневозможи и редовна комуникација и фрекфенција на граѓаните од територијата на општина Струга и селата од струшкиот регион каде што бројот на заболени од Ковид 19 секојдневно расте. Ова особено се однесува на градежни работиници кои работат на градежни објекти во Охрид, а потекнуваат од струшкото кризно подрачје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани