Охрид мора да работи на поголема онлајн маркетинг промоција, сугерираат експертите.
Дигиталниот маркетинг денес е најважната алатка за привлекување на туристи.
Не е доволно да се има споменици, природни убавини , треба да се креира туристичка понуда согласно потребите на туристите.
Денес преку интернет платформите „Трип Адвајзор“, „ Ер би ен би“ и други апликации лесно може да се види што сакаат потрошувачите и да се направи понуда согласно нивните желби.
– „ Да кажеме дека е има добра храна не е доволно, за некого добра храна е кога имате Мишелин ѕвездице или барем некаква евалуација. Јас се согласувам дека овде е прекрасна храната но тоа не е доволно за да првлечеме гости. Потребно е пред да дојдат да се искомуницира со туристите да би знаеле зошто доаѓаат овде. При една споредба со Блед Словенија, и Блед имаше период со затворени хотели денес не е веќе така.Сите хотели се отворени . Изнајдоа начин да привлекуваат туристи со нови понуди. Денес може да заклучиме дека планините се полни повеќе во лето отколку во зима снегот не е доволен за развој на туризмот туку колку понудата е интересна. И најважно од е кон кои туристи целиме“ , Нико Славниќ директор на Џебен водич.
Туристичките работници не се доволно едуцирани и малку работат на онлајн промоција толму затоа здружението „Џебен водич“ организира работилници за едукација на туристичките работници , проширување на нивните знаења согласно потребите на модерните туристи.
– „Туристичкиот сектор треба да ги претстави повеќе убавините на Македонија со цел да привлече повеќе туристи меѓутоа и самите учесници во туризмот како хотелиерите и рсторани треба да го презентираат тоа што го нудат тоа што го имаат. Да бидеме повеќе видливи.Дигитаниот маркетин е ново и актуелнои кај нас и треб преку дигиталниот маркетинг треба да се рекламираме и презентираме за нас дa не види светот“, Снежана Стефаноска директор на здружението „Џебен водич“ .
Охрид, Битола и Скопје се трите градови од земјава, кои од неодамна се дел од апликацијата „Ин јор покет“., рамо до рамо со 250 туристички градови од 34 земји од светот .
-„ Затоа го направивме „Охрид ин јор покет“ тоа е еден чекор за луѓето да го препознаат и веруваат дека тоа е стабилна дестинација, интересна . „Ин јор покет“ постои 27 години , луеѓето кои го знаат овој бренд знаат дека сме напишале за некој град во кој и ние веруваме дека е прекрасно да го посетат“, додава Славниќ.
Во рамките на проектот од Европската унија се изработува специјален туристички водич во електорнска и печатена форма при што ќе бидат презентирани сите природни убавини, културно историски споменици, хотели и ресторани од земјава.
Новинар Соња Рилковска