Охрид домаќин на 18 от Конгрес за физичко образование и спорт

Охрид домаќин на 18 от Конгрес за физичко образование и спорт. Тридневната конференциска програма е подготвена од страна на Европската федерација на спортски педагози во соработка со Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје од Скопје и истата ќе опфати околу 150 научни трудови од целиот свет.
-Како поранешен спортист, голем поддржувач на спортот и како градоначалник на Охрид, особено сум горд што нашиот град е домаќин на 18-от Европски Конгрес FIEPS Europa и 6-та Научна конференција RPESH, кои разработуваат важни теми од областа на физичкото образование, спортот и рекреацијата. Почестени сме што имаме можност да ги угостиме сите врвни спортски педагози и експерти, кои се тука за да ги споделат последните научни достигнувања, со фокус на физичкото образование.
Во денешниот свет кој се менува со голема брзина и каде што доминира технологијата, физичкото образование и спортот добиваат една клучна улога во развивање на децата и младите индивидуи. Затоа, треба сите заедно да придонесеме за поголема застапеност за часовите по физичко образование во рамки на наставните програми, да стимулираме развој на училишни спортски лиги, да ги поддржуваме локалните спортски клубови, младите спортисти и да инвестираме во спортската инфраструктура. Секако, тука е и континуираната поддршката на различни спортски манифестации и креирање на нови спортски содржини, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.
 
.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани