Деновиве на градскиот плоштад во Струга се одржа натпревар по угостителство и туризам – готвачи со наслов „Young Cheff Struga“ во организација на СОУ„Нико Нестор“- Струга. Учениците Никита Мишевски, Валентин Матоски и Фикрет Шаќироски од РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид под менторство на професорот Војо Ангелоски се натпреваруваа во категориите:
– ладно предјадење од риба
– главно јадење од риба
– десерт по желба
Учениците од охридското угостителско училиште освоија прво место во трите категории.