Охрид домаќин на безбедносна конференција

Конференција „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави“започнува денеска.

Во 17 часот, цо хотелот „Метропол“, во Охрид отпочнува 10-тата Меѓународната научна конференција „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави. Конференцијата е во организација на Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Ханс Зајдел“ од СР Германија и покровителство на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување и е една од најголемите меѓународни научни собири на Балканот. Конференцијата ќе ја отворат Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски, Претседалот на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување м-р Верица Милевска Стефановска, Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и претставник на општината Охрид. На овој значаен безбедносен собир, ќе учествуваат професори и безбедносни експерти од Македонија, САД, Русија, Германија, Грција, Хрватска, Словенија, Албанија, Велика Британија, Индија, Мароко, Турција, Словачка, Чешка, Бугарија, Србија и други.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани