Денеска во Охрид ќе се одржи регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан.
На денешниот неформален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, ќе присуствуваат и претставници на на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство и Британската Амбасада, претставниците на граничните инспекциски служби на фитосанитарната и ветеринарната контрола на Албанија, Србија и Република Македонија. Предвидени се обраќања на директорот на македонската Царинска управа Ѓоко Танасоски и на Адам Вудроу, офицер за врска на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство. Главна цел на средбата е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан, справување со проблемите со кои се соочува, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји, во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година.
Извор : MIA
