Општина Охрид го чека носењето на планот за управување со охридскиот регион.
Во овој документ стриктно и прецизно ќе биде објаснето која институција какви ингеренции ќе има во однос на водостојот, рибниот фонд, каналот и пристаништето.
-„Јас инистирам во контактите со Владата конечно да се донесе планот за управување со охридскиот регион , во кој еден дел е план со управување со Охридското езеро и со неговото сливно подрачје. Со тој план конечно ќе се знае кој ќе управува со Охридското езеро и со сите активности поврзани со него. Само на таков начин ќе можеме да имаме соодветна регулација на сите проблеми со кои ние се соочуваме денес“, вели градоначалникот Јован Стојаноски.
Засега долгоочекуваниот план се уште е во форма на нацрт план за управување со охридскиот регион.
-„Обврска беше на нашата Влада да го донесе планот за управување со охридскиот регион, затоа што тој мора да се донесе бидејки на тој начин конечно ќе се придонесе и за заштита на статусот на Охрид како град на УНЕСКО. Во овој момент министерството за кутлура го има изготвено нацрт планот за управување со охридскиот нрегион, кој подоцна треба да биде усвоен од страна на влада. По што ќе следи изработка на предлог план кој потроно ќе оди на усвојување“, појаснува Стојаноски.
Новитет на оваа локална власт на чело со Стојаноски е формирањето комисија за управување со културното наследст при креирањето на урбанистичките планови.
