Традиционално како и секоја година и оваа на малиот плоштад кај Долна порта, се одбележа Денот на рибарите.
Со рибна чорба, пача, плашици, вино, греана ракија и традиционалното капење во водите на Охридското езеро, охриѓани го прославија денот на Свети Јован.
.jpg)
Градоначаланикот Георгиески на прославата беше во друштво на својот син. Рече дека заедно ќе ја пробаат рибината чорба која ја подготвија учениците и професорите од угостителското училиште.
-„И денека продолжува оваа прекрасна традиција со денот на рибарите. Ете во овој голем казан се приготвува традиционално рибина чорба. На здравје да им е на сите. сакам да го честитам големиот празник на охриѓани. Бог се јави! Да се здрави и живи. Ете денес имаме прекрасно време. Верувам дека и водата е потопла. Вие ќе ја пробате чорбата? Секако, рече Константин Георгиески во зијава за медиумите.
.jpg)



Дел од рбината чорба ќе биде донирана на 70 семејства со социјален ризик.

На манифестацијата присуствуваше и тајфата на Иван Лотески, фаќачот на Чесниот крст,кои се искапија во водите на Охридското езеро.




Послужени беа околу две илјади порции чорба на присутните и на социјално загорезените семејства. Чорбата беше приготвена со 500 кг риба лосос и скуша.


За забавниот дел од манифестацијата се погрижија ансамблот „Билјана јуниор“.

