Ова е насловот на Научниот собир што идната недела ќе се одржи во Охрид.
Во организација на Македонска аадемија на науките и уметностите (МАНУ) и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“, на 4 и 5 октомври, во Охрид ќе се одржи Научниот собир „Охрид и Балканот, археолошки погледи“. По темата, на собирот што ќе се одржува во Куќата Уранија,ќе дебатираат научни работници и експерти од земјата и светот, меѓу кои, од Македонија, Валентина Тодороска, Драги Митрески, Алоександра Папазоска и Паско Кузман.Тие ќе се фокусираат на културно – историскиото наследство во Охрид и охридско. Археологот Кузман, ќе говори за древните некрополи во Охрид, со посебен нагласок на Самуиловите крепости. Според Академик Битракова, раководител на Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“, најбројното учество на собирот се истакнати познавачи на античкото наследство од соседна Грција. Никос Акаматис ќе говори за културно – историските аспекти на пронајдените фигурини од времето на Македонското кралство. Деспина Игнатијаду, за класичната стаклена иконографија од времето на Хеленска Македонија, додека Периклес Христодулу на тема: „Хермеракли – Хермес и Херакле заеднички слики“. Учесничката од Хрватска, Бранка Миготи, ќе се осврне на социо-културните аспекти на женската мода во Римска Јужна Панонија. Бугарскиот експерт Дијана Ботева, ќе говори на тема: „Култни практики во Римска Тракија – нови перспективи“, додека Јуриј Кузмин од Руската Федерација, за историјата на Македонското кралство од времето на Дематиус Втопри (239-229), пред новата ера.
