Охрид ќе добие Дневен центар за децата со церебрална парализа

Охрид ќе добие Дневен центар за децата со церебрална парализа, општината даде зелено светло. 

 

На денешната,  деветта седница на Советот на општина Охрид, градските советници едногласно ја изгласаа одлуката  за прифаќање на иницијатива и отстапување на времено користење простор за формирање на Центар за церебрална парализа и други нарушувања на психомоторниот развој во општина Охрид. Просториите, како што вети градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков се во поранешната касарна. 

Децата со церебрална парализа немаа Дневен центар, родителите со години бараа простор за негова адаптација за згрижување и реанимација на оваа категорија деца. 

На деветта седницата на  дневен ред имаше 84 точки, кои во најголем дел се однесуваа на годишни извештаи за работа на општинските служби и јавни претпријатија и финансиските извештаји на образовните институции. Вообичаено на дневниот ред беа и точките за легализација на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид.

Сите точки кои се однесуваа на тековните активности беа прифатени, а повеќето годишни извештаи советот не ги прифати.

Советниците едногласно ги прифатија сите точки за бесправно изградените објекти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани