Приведен охриѓанец, поседувал пиштол и 40 куршуми.
Денеска (15.03.2022) во 12.25 часот на улицата .„Партизански одреди“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг“ калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 30