Охрид ќе го одбележи Светскиот ден за Прва помош

Со повеќе активности Црвениот крст ќе го одбележи 14 Септември – Светскиот ден на Прва помош.

 

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.
И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош (14 септември), ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап.
Темата на Светскиот ден за Прва помош е Првата помош и маргинализираните лица. Во тие рамки Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош на 14.09.2019 г. (сабота) на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ и Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, каде во периодот од 10-12 ч. тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди.

Ќе има и крводарителска акција

Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 14.09.2019 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“  во периодот од 9-14 ч.

Ги покануваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани