Охрид ќе одбележи годишнина на поетот Спространов

Во понеделник на 15 јануари со почеток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде одбележана 150 годишнината од раѓањето на охридскиот поет и раскажувач Ефтим Спространов.

Организатори на настанот се Општина Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Настанот е дел од Републичката програма за одбележување на значајни датуми и личности од македонската историја и култура, која неодамна ја усвои Собранието на РМ. За творештвото на Спространов ќе говори Милчо Јованоски, новинар и публицист.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани