Повеќе од 260 метри кубни отпад од секаков вид беше подигнат во големата акција за чистење на диви депонии што вчера се реализираше на територија на Општина Охрид.
Отпад се подигаше од девет локации, каде претходно Јавното претпријатие имаше мапирано диви депонии.
– Се исчистија диви депонии на девет локации, кои беа мапирани од страна на ЈП „Охридски комуналец“ Во акцијата учествуваа сите општински јавни претпријатија, со луѓе и механизација, а дополнително беше ангажирана и механизација од страна на економските оператори со кои имаме соработка, информира градоначалникот Кирил Пецаков.
Согласно условите и потребите, вакви акции ќе се организираат и во иднина се до целосно расчистување на дивите депонии кои веќе подолг период ги има низ Општина Охрид.