Се е подготвено за празникот Богојавление Водици во Охрид. Рассчистено е пристаништето и малиот плоштад.
Нуркачите го исчистија дното на езерото а од денес зашочнува и украсување на градот со богојавленски знамиња и венци.
.jpg)
Се очекува илјадници верници да бидат дел од најголемата црковно народна манисфестација годинава.
-„Очекуваме голем број на домашни и странски гости кои што ќе допатуваат специјално да го проследат осветувањето на водите на Охридското езеро. Заедно сите ќе се потрудиме за беспрекорна организација на едно безбедно и високо ниво. Исто така и оваа година ќе биде организирана манисфетсацијата „Ден на рибарите“ која годинава место на Сараиште ќе се одржи на плоштадот Долна порта. Таму на тој ден ќе се зготви традиционалната рибна чорба во оргормен казан“, истакна градоначалникот Константин Георгиески.
.jpg)
И оваа година капачите да извршат бесплатен преглед во шаторите на Црвениот крст.
-„На 18 ти јануари капачите обавезно да извршат бесплатен преглед на пунктовите околу капетанијата.Исто така сакам да напоменат дека во текот на утрешниот ден пристигнува казанот за приготвување на рибната чорба, за што набавена е 500 кг риба“ , Љупчо Грданоски претседател на организациониот одбор на Водици.
Од утре зпочнува пријавувањето на капачите.
.jpg)
-„Самата прослава на празникот ќе започне со утриснак богослужба во сите парохски цркви со почеток во 8 ч . Во 9 45 литиите од црквите ќе се упатат кон градското пристаниште каде во 10 часот ќе се положи Чесниот животворен крст во водите на Охридското езеро. Центарлна богослужба како секоја година ќе биде во цквата Успение на Пресвета Богородица Каменско каде жто ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско кичевски г динот Тимотеј. Служба ќе има и во Свети Никола геракомија Од утре официјално започнува пријавувањ на капачите во парохиските цркви каде ке добијат насоки“, вели Илија Ристески од Дебарско кичевската епархија.
