Охрид под силно полициско обезбедување, состојбата според Спасовски стабилна

Безбедносната состојба на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид е мирна, безбедна и стабилна без никакви индикации за нарушување, истакна министерот Спасовски по денешната работната посета во СВР Охрид, во пресрет на Самитот Отворен Балкан.

 

Изминативе пет месеци се бележи намалување на бројот на кривични дела и зголемување на ефикасноста во откривањето на сторителите за 10 %. Според министерот на подрачјето на СВР Охрид има подобрување и во делот во сообраќајот.

„Исто така и во делот на сообраќајот се бележи тренд на намалување на сообраќајните незгоди, тешките сообраќајки со смртни псоледици и тешки телесни повреди. Тоа покажува дека и превентивните акции кои ги преземаме на нив на МВР, РСБСП, Факутетот за безбедност даваат ефекти меѓутоа и делот на репресијата кој што е неминовен во однос на сите учесници во ообрќајот кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, рече Оливер Спасовски на денешната прес конференција во Охрид.

Нема достапен опис

На работната средба со раководството на СВР Охрид се дискутираше и за подготовките за безбедноста во екот на туристичката сезона во Охрид и Струга.

„Многу е важно пред почетокот на туристичката сезона, денеска разговаравме и за подготовките во однос на туристичката сезона затоа што ќе се зголемува фрекфренцијата, ќе расте бројот на настани кои што ќе ни се одржуваат во Охрид и Струга. И токму заради тоа ќе имаме поинаква поставеност и на ниво на МВР и на ниво на СВР Охрид. Апелирам до граѓаните да се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи како сите заедно би пмотнале за поголема безбедност во сообраќајот и второ апелирам на соработка со Македонската полиција“, рече Спасовски.

Охрид во пресрет на утрешниот самит Отоврен Балкан е под силно полициско обезбедување. Полицијата е распоредена и врши набљудување од копно, вода и воздух.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles