Охрид е подготвен за Бадниковата поворка. На градскиот плоштад пристигна џиновската Бадникова пештера.
Стотици деца вежбаат и ја учат песната Вечниот бог, за на празникот Бадник по шести пат со свеќи во раце, кандила и ѕвезди ќе го наговестат Христовото раѓање во Охрид.
Децата ќе ги поминат централните градски улици а на крајот ќе одат на молитва и Бадникова трпеза во црквата “Света Богородица Каменско”.
Ова е шеста година по ред во Охрид да се организира величествената Бадниковата поворка полна со колендарчиња кои сееат радост низ целиот град.
.jpg)
.jpg)
