Општина Охрид заедно со туристичкиот кластер „Еден“ работат на развивање на Wellness туризам.
Современите туристи денес се свесни за потребното внимание за сопственото здравјет. Токму затоа за гостите кои преферираат квалитет и здрав животен стил, кластерот подготви атрактивен туристички производ.
Ќе се нуди wellness ритуал со блато на охридската ривиера и етно масажа во селото Елшани.
Двете понуди вистинска атракција. Божествен амбиент за незаборавно доживување.
Туристите денес се повеќе бараат wellness и спа услуги на брегот на Охридското езеро, а со оваа нова понуда Охрид ќе биде незаборавна туристичка дестинација.