Охрид полупразен за 11 Октомври

Овој празничен викенд  на брегот на Охридското езеро изостанаа  резеврациите  од  традициналните гости.  Според експертите  причина  за тоа се финансиите , но и  високите бројки на заразени лица.

Туристичките работници велат се гледа финансискиот амбис во туристичкото стопанство.

-„Хотелите, пприватното сместување, ретсораните  се половично исолнети сезоната во Охрид е пред завршување, имаме добро време но мерките кои ги донесе владата ппридонесоа  за намалување на бројт на гости за овој викенд“,  вели Филип Стефаноски сопственик на туристичка агенција.

Очекувањата за идната година  на полето на туризмот се пооптимистички.  Се очекува обновување на  договорите со странските тур оператори и пораст на приходите за  50%.

„Странските гости  имаат интерес за следната година се надеваме ке се отворат границите и повторно ќе се реализираат планираните летови за 2020, што   се одложија “ , вели Крсте Блажески претседател  на  хотелската асоцијација ХОТАМ.

Домашните гости кои со ваучерите за прв пат летуваа во хотелите на брегот на Охридското езеро, се очекува од идната година  да  бидат редовни гости.

„Се надевам ќе се нормализира ситуацијата, па ние ова ќе го искористиме како еден вид реклама  да и нашите гости следната година доаѓаат ако не на одмор ама барем на еден викенд во нашите хотели. Ама дека тоа ќе попправи нешто од финансиски аспект годинава апсолутно не“, вели Ана Јанчева туристички работник.

Туристичките работници од охридско струшкиот регион  се   задоволни од  четвртиот пакет економски  мерки. Со поддршката на Владата  голем дел од туристичките агенции и хотели  нема да стават клуч на врата.  Нема да има масовни отпуштања од работа на стручниот кадар, , како што се предвидуваше и полесно ќе ја пребродат  кризата предизвикана од пандемијата.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани