Независната листа на советници Охрид пред се, денес отвора штанд на градскиот плоштад во Охрид.
Непосредно, топло, човечки, очи во очи, нашите кандидати за советници ќе Ве запознаат со нашите основни програмски цели и заложби за кои ќе се залагаме и бориме во идниот Совет на општина Охрид и, секако, ќе ги слушнат и Вашите сугестии, предлози и проблеми.
Нема школи, нема факултети кои даваат дипломи за советници; Нема наследно право по кое се станува советник; Единствен кој дава мандат да се стане советник или пратеник, сте Вие почитувани граѓани. Мандатот е Ваш и затоа дојдете да го слушнеме и Вашиот предлог и да бидеме Вашиот глас во Советот на општина Охрид.
