Охрид претставен на туристичкиот саем во Белград

Белградскиот саем е еден од најголемите во регионов.

Во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Општина Охрид ја презентира својата туристичка понуда на 42-от меѓународен саем за туризам во Белград, Србија, кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари. Природните потенцијали, уникатното културно богатство и современите туристички капацитети на Охрид како атрактивна дестинација, освен за бројните посетители, биле интересни и за голем број тур оператори и претставници на туристичкиот сектор од неколку европски земји. Голем интерес за Охрид покажале и влијателни медиуми од регионот.
Секоја година Белградскиот саем за туризам е домаќин на повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји и над 12.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани