Охрид со блокирана сметка, ДИК ќе финансира за локалните избори

Охрид е меѓу 18те општини низ Македонија  со блокирани сметките поради неподмирени долгови по повеќе основи. 

Меѓу овие општини се Охрид, Струга, Куманово, Ресен, Делчево и Тетово. Општините не можат да ги вршат потребните финансиски трансакции за локалните избори, бидејќи Општинските изборни комисии се финансираат токму од буџетот на локалната самоуправа.Државната изборна комисија најави дека ќе им  помогне на Охрид и останатите блокирани општини да ги организираат  локалните избори.

Со половина милион евра  ДИК ќе ги подмири обврските во блокираните општини околу организирањето на локалните избори. 

За спроведување на локални избори средствата се обезбедуваат од локалниот буџет, а за изборниот материјал се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

За овие локални избори ДИК ќе ги сервисира и трошоците околу превозот, обезбедување простор за гласање, струја, вода, воедно и надоместок за избирачките одбори на гласачките места во Охрид.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани