Охрид со хуманитарен концерт за Мила

Хуманитарниот концерт „Од Срце За Мила“ ќе се одржи на трети јуни на плажата „Куба Либре“.

Во понеделник-3 јуни од 21 часот, на плажата „Куба Либре“, ќе се одржи голем хуманитарен концерт за помош на две годишната Мила Димоска од Охрид. Да ја покажеме нашата хуманост, да и помогнеме на убавата Мила Димоска од Охрид.Нашата малечка охриѓанка Мила Димоска, мора повторно и итно да оди на операција во Кина, трета по ред. Операцијата е прескапа па затоа, нејзините родители повикуваат помош од хуманите луѓе.Мила треба да оди во Кина за лекување на оштетувањето (дистрофија) на мозокот.
–„ Драги хумани луѓе. на нашата ќерка и` е потребна трета операција во Кина, што е можно поскоро. Ве молам кој колку е во можност да ни помогне. Однапред Ви благодариме“, апелираат родителите на Мила.На концертот ќе настапуваат: Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиновски, Петар Марковски, Јован Куцин и „The Backdoor Band“.

ДОНАЦИСКА СМЕТКА
МИЛА ДИМОСКА
530500021204351
ОХРИДСКА БАНКА АД – ОХРИД
ЕМБГ: 2112016455202

ЗА ДОНАЦИИ ОД СТРАНСТВО

MILA DIMOSKA
Str. Bogomilska 53, 6000 Ohrid, Macedonia
OHRIDSKA BANKA A.D – SKOPJE
IBAN CODE: MK07530280005506949
SWIFT: OHRIDMK22

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИЈА
VIP – 143 123 TMOBILE – 070 143 143

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани