Охрид повторно беше домаќин на турнир од Јадранската Teqball лига, кој успешно го заокружи своето трето издание во градот. Настанот уште еднаш ја потврди позицијата на Охрид како значајна дестинација на светската текбол сцена и придонесе за промоција на Македонија преку спортот.
На турнирот учествуваа 40 натпреварувачи од 10 земји, а организаторите оценија дека настанот претставува одличен пример за поврзување на спортот, туризмот и локалната заедница.
Боите на македонската репрезентација ги бранеа и охриѓаните Коста Трифуноски и Димитар Пејчиновски. Пејчиновски освои бронзен медал во категоријата машки двојки, додека Трифуноски стигна до четвртфиналето во истата конкуренција.
Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека турнирот трета година по ред позитивно ја мапира Македонија на светската текбол карта и претставува доказ дека Охрид располага со сите неопходни капацитети за организација на меѓународни спортски настани на отворено.



