33 годишната Јана Арсовска од Охрид ќе биде погребана утре на градските гробишта во 12 часот.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 11 до 12 часот, информираат од погребалното претпријатие „Мирен сон“. Завршија подготвителните процедури за погребот и синоќа нејзиното тело беше донесено од Солун во Охрид.
Убавата Јана пред два дена ја загуби битката со ракот. По долго боледување и борба со редок вид на рак замина храбрата охриѓанка, со позитивна мисла и посебен дух.
Ќе ја паметиме како прекрасна личност полна со ентузијазам и љубов. Јана блескаше со позитивна енергија и желба за живот.
Почивај во мир драга Јана! До нашето следно видување!
С.Р.
