Традиционално за Илинденскиот продолжен викенд Охрид е прпеолн со туристи.
Приватните сместувачки капацитети за овој период околу празниците се потполно исполнети.
Иако годинава споредбено со лани има одреден број странски туристи, сепак тоа е многу помалку од времето пред коронаепидемијата.
Најбројни ова лето се туристите од Полска и Украина, во помал број од соседните земји. Има и гости од Холандија, но далеку помалку, само два чартер летови неделно.
Има и голем број иселеници, кои после една година успеаја да дојдат во татковината, но дијаспората од Австралија и САД и оваа година ја нема.
Состојбата ан полето на туризмот е подобра во однос на лани но не може ниту да се споредува со рекордната 2019 година кога на Охридското крајбрежје беа остварени околу 1,5 милиони ноќевања.
