За жал, уништувачкиот вирус се шири на југ, од Калишта кон Радожда, не поштедувајќи ништо на патот, обвинуваат еколозите.
.jpg)
Охрид ЅОЅ пишува:
–„Извештаите до UNESCO се доставени, инспекторите, како добри Самарјани, го свртеа и другиот образ, притоа не откривајќи ништо спорно.
Предизборен период. Ветувања, зборови, убави состави искажани или прочитани. Без никаква суштина. Маркетиншки трик спакуван во вкусна обланда, да го проголта лаковерниот. Во меѓувреме, на терен, се уништува. Ниеден кандидат не се загрижи премногу. Веројатно не ни знаат што се случува. Сакаме да одиме заедно напред, за републиката, притоа барајќи правда за Македонија. Татковината повикува, навистина, но таа плаче, е во агонија, од бесчувствителните нејзини деца, кои само земаат, присвојуваат, уништуваат, само за да остварат личен профит.
Тие себични наши сонародници ни се смеат в лице, бидејќи ниедна институција, ниеден јавен службеник платен од наши пари не си ја заврши својата задача. Влада на Република Северна Македонија сè оставија за после изборите. Ова е приоритет, а не светското природно наследство. Што ако горат природни резервати, национален парк, појасот на трска. Небитен е Уставот, кој во член 43 вели: Секој човек има право на здрава животна средина. / Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата. / Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“.
.jpg)
Од Охрид ЅОЅ ги повикаа претседателксите кандидати да го посетат стушкото крајбрежје.
–„Ги предизвикуваме претседателските кандидати да ги посетат овие локации и да видат како се почитува правото и законите, на дело. Да одржат митинг или средба со локалното население овде, на овие места, да ги санкционираат сторителите, да побараат сите надлежни институции веднаш да реагираат (но вистински), да се обврзат, доколку станат носители на оваа функција, дека веднаш ќе потпишат декрет каде природата се става над сечиј интерес. Само така можеме навистина да одиме заедно напред, за републиката и да има правда за Македонија. Татковината повикува!“, пишуваат од Охрид ЅОЅ.
.jpg)
