Охрид ЅОЅ со остра реакција на одлуката на Владата

Со остра реакција на одлуката на Владата и низа обвинувања  се јавија од Охрид ЅОЅ.

 

„Прво да почнеме од најосновното. Регионот НЕ е под закрила ниту под заштита на УНЕСКО. Ако македонските функционери се помачеа да прочитаат барем еден меѓународен документ, најмалку барем Конвенцијата за заштита на светското природно и културно наследство, ќе увидеа дека во чл. 4 и чл. 7 е многу јасно напишано дека обврската да го штити регионот е исклучиво на владата на земјата, а меѓународната „заштита“ се состои од помош со вмрежување и поддршка за напорите на владите на одделните земји. УНЕСКО не се меша во суверенитетот на една земја, дури земјата може и сама да одлучи да се откаже од Конвенцијата.

Понатаму, остро се спротивставуваме и го сметаме за дрско изигрување на довербата што стотици илјади граѓани ја дадоа на СДСМ, на чело на работна група чијашто задача е да нуди решенија за зачувување на УНЕСКО статусот на регионот да се постави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, познат по своите „мали“ хидроцентрали во заштитени подрачја каде што се минирани кањони и исечени стогодишни дрвја за некој киловат струја.

Доста оваа влада одржуваше состаноци, расправи, донесуваше заклучоци и одлуки кои никогаш не се преточија во реалност и дела – туку едноставно завршуваа со стандардното префрлање на одговорноста. Доста беа лаги! Доста беа манипулации! Ни има потреба од состаночење, ни има фајде од тоа. Земете и доследно спроведувајте ги законите, применувајте слепа правда, работете во интерес на сите жители на оваа земја!

Овојпат нема да се извлечете така лесно. Ве чекаме спремни во Баку“, реагираат од Охрид ЅОЅ. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани