Охридска банка Сосиете Женерал ги повикува сите млади со претприемачки дух и креативност да аплицираат со нова и реално остварлива бизнис-идеја на конкурсот „Чиста 10-ка“.
Охридска банка Сосиете Женерал, водејќи се од принципите на тимски дух, иновација, посветеност и одговорност, денес официјално го започнува проектот наречен „Чиста 10-ка“, со кој има цел да остави значаен белег и важен придонес кон заедницата.
Проектот „Чиста 10-ка“ е наменет за сите студенти и млади државјани на Р. Македонија на возраст од 18 до 35 години, кои имаат претприемачки дух, креативен пристап и желба да аплицираат со своја нова и остварлива бизнисидеја. Сите заинтересирани можат да учествуваат во „Чиста 10-ка“ индивидуално или во тим со максимум 4 учесници. Аплицирањето се врши онлајн, на веб-страницата www.cista10.mk, во делот Аплицирај, каде што треба да се пополнат неколку групи прашања на англиски јазик кои, всушност, ќе ја презентираат структурата на самата бизнис-идеја. Конкурсот „Чиста 10-ка“ е отворен за апликации од денес, четврток (21 септември, 2017), сè до 22 октомври 2017, 23.59 ч.
„Како дел од нашата стратегија да бидеме прв избор на банка, препорачана од страна на клиентите и банка која ги поддржува младите и заедницата, а по повод одбележувањето на 10-годишното присуство на глобалната банкарска групација Сосиете Женерал во Македонија, годинава го реализираме проектот „Чиста 10-ка“. Од секогаш сум верувала дека младите се тие што можат да го променат светот, да воведат новини кои можеби другите на почеток не ги разбираат, но на крајот добиваме едно подобро место за живеење. Поради тоа ги охрабруваме сите млади, креативни и иновативни луѓе да земат учество и да ни ја испратат својата уникатна и остварлива бизнис-идеја, со која на крај сите ќе се гордееме. Најдобрата бизнис-идеја ќе биде наградена од страна на Охридска банка Сосиете Женерал со износ до 10.000 евра! За нас како банка, „Чиста 10-ка“