Охридска продавница за обувки-склад за петарди

13.203 парчиња петарди пронашла полицијата.

Денеска, од страна на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид по преземени мерки и активности по ОА ,,Петарди,, при претрес во продавница за обувки во Охрид сопственост на И.Ш (46) пронајдени и одземени се 13203 парчиња петарди.
По комплетирање на доказниот материјал против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles