Охридската бела флота чека туристи

Охридската бела флота, бродови, кајчиња, чамци  и  катамарани закотвени ,  ги чекаат првите туристи на брегот на Охридското езеро.

Штетите се огромни. Стотина семејства,  кои својата егсистенција ја обезбедуваат од прошетката  на туристи  се загрозени.

Бродарите загрижени,  спасот годинава  го очекуваат  од домашни туристи.

„Цело Скопје, цела Македонија одела Грција сега нека додјат сите Охрид и тука нека не потпомогнат како што нели имаше повик –купувајте домашни производи, потрошете ги тука парите во Охрид“ ,  вели Димитар Мато сопственик на пловила.

Оваа сезона се очекува цените на пловидбата да бидат двојно пониски прилагодени на стандардот на домашните гости.

-„Цените не ги кажуваме ние гостите ги диктираат кој како ќе даде така возиме“ , додава Мато.  

Најбарани тури по Охридското езеро до лани  беа панорамските  прошетки до Свети Наум , Заливот на коските во Градиште и  струшко Калишта и Радожда. Целиот екипаж, капетани, бродари, морнари стравуваат дека оваа сезона нема да можат да ги подмират ниту основните трошоци.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани