Музеите се уште под клуч, се чека дозвола за работа

Наместо преполни со групи туристи осумте музеи  во Охрид, поради пандемијата  два месеци под клуч.

Куќата на Робевци, Галеријата на икони, Музејот на вода, куќите на Прличев и Узунов, културно историските споменици Самоиловата тврдина,   Античкиот театар и  археолошките локалитети  лани имаа  рекорден број на посетители. 

Годинава штетите се големи, туристичките посети се одложени за  јули и август.

–„Имавме пораст секоја година бројот на посетители се големуваше,   Посетеноста од година во година бележи пораст се надеваме дека и оваа сеозна ќе имаме добра посетеност поради тоа што групите  кои што беа зажани, како странските така и домашните туристи  ги презакажаа турите,  не се откажани така да се надеваме на добра туристичка сезона и добра посетеност на објектите“, вели Даниела Неделковиќ директор на Завод и музеј Охрид.

Штетите се огромни и во Дебарско кичевската епархија, бидејќи во сите цркви прогласени за  културно историски споменици се наплатуваат влезници. Најпосетени  лани беа  Света Софија, Канео, Светиклиментовиот храм на Плаошник ,  Богородица Перивлепта и манастирот Света Наум Охридски. 

– „Со новонастанатата ситуација, за жал со корона вирусот оваа година процентот на посетеност е нула во однос на лани. Да  се надеваме дека за скоро време ќе го надминеме заедно сите ова искушение и повторно  ќе очекуваме голема посетеност како на странски така и на домашни посетители , вели Илија Ристески претставник од дебарско кичевската епархија.

Се чекаат инструкции од владата кога ќе се отворат градските музеи. Истите, првенствено ќе бидат дезинфицирани,  а надлежните велат подготвени се да  ги почитуваат  препораките,  држење социјална дистанца и носење заштитни  маски.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани