Нелегално изграден ѕид на плажата Градиште

Вонредната состојба се користи на различни начини, еве, некој решил да започне со изградба на парапетчето предложено пред многу години, реагираат од Охрид ЅОЅ. 

-„Дека истата агенда ја тераат и новите коалициони партнери СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и ДУИ  е повеќе од очигледно. Кога се во опозиција, делуваат како да се грижат за светското наследство, но чим дојдат на власт веднаш ги прифаќаат практиките на своите претходници. Додуша, „интегративците“ се постојано на власт безмалку две децении, така што тие веќе и не се преправаат.
Се гради ѕид практично в езеро. Не знаеме кој дал одобрение, кој гради, или зошто. Ги повикуваме инспекциските служби во Општина Охрид веднаш да излезат на терен и да се запре изградбата а да се санкционираат сторителите. Дополнително, во јавноста, да кажат како може да се случува ова. Зошто вакви работи не се прикажаа во брошурата за една година мандат на Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид? Претседателот Stevo Pendarovski нека вметне вонредна точка на таа т.н. лидерска средба па малку да се зборува и за ова, а не само за датуми за избори.
Секој ден, со секој еден ваков нов пример, само се потврдува лицемерноста на локалната и централната власт, отсуството на вистинска волја за справување со ваквите девијации. Додека козметички дотеруваа во извештајот до UNESCO, на терен имаме сосема спротивна практика. Од Радожда до Свети Наум. Благодарение на наши сограѓани, секој ден излегуваат на виделина вашите „подвизи“ и вистинското ваше лице. Ве заболе вас за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Ве интересира само профит и узурпација, и кој повеќе ќе ви тутне в џеб. Наместо справување со дивоградбите, аминувате да се градат нови“, обвинија синоќа од иницијативата Охрид ЅОЅ. 

Градоначалникот Констанин Георгиески информира  дека ѕидот се градел без дозвола, а инсепкциските служби дале налог за рушење. 

 

-„Чувствувам обврска, поради денешните бројни реакции кои лично од граѓаните и преку медиумите пристигнаа за изградбата на ѕид во непосредна близина на Охридското Езеро во авто -кампот „Градиште“, да Ве информирам дека инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник.
Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот.
Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично сме издале или имаме намера да издадеме одобрение за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство“, истакна градоначалникот Георгиески. 

Инаку вчера на социјалните медиуми проструија фотографии на кои се гледа новоизгарден ѕид на плажата во Градиште. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани