Нарушувањето на светското природно и културно наследство на Охрид пред очите на Георгиески никако да запре, обвинија преку соопштение од ВМРО ДПМНЕ Охрид.
-„Георгиески зошто ја лажете јавноста или тоа веќе Ви премина во навика?
Ако се почитуваат законските процедури за да се отстрани ѕидот до самото Охридско Езеро во Градиште, а се ближи и крајот на месец мај, тогаш зошто тоа не е направено и отстрането во предвидениот рок од општина Охрид?
Тука е вашето лицемерие затоа што во целиот мандат освен селективни решенија за рушење повеќе храборост не видовме.
Јавноста е сведок дека не срушивте ниту еден објект.
Дали тоа го правите свесно и намерно сакајќи да помине Законот за легализација предложен од вашата партија?
Или сѐ Ви е пресметано во предизборен пазар?
И после со право ќе се плашите за Вашиот живот.
Фактурите пристигнуваат, а никој од времето не избегал исто како Вас.
Веднаш да пристапите кон рушење!
Охрид само со СДСМ и Георгиески не може да го задржи статусот на светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО“, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
