Охридската книжевна школа-два века пред Болоња

Во познатиот споменик на културата – “Куќата на Уранија”, односно зградата на МАНУ, во Охрид, местото на формирањето на највисоката научно-истражувачка институција во РепубликаМакедонија, синоќа, почна “Научната и уметничка визита – Охрид 2018”.

 

Во присуство на редовни членови на МАНУ, професори, дипломати и гости, манифестацијата ја отвори академик Ѓорги Поп-Атанасов, кој ги претстави експонатите од Изложбата насловена „Македонска писменост: Од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самоиловото царство под византиска власт (886–1018)“.


Авторот, академик Поп-Атанасов, нагласи дека се изложени стари глаголички и уште постари кирилични текстови, кои датираат од времето на св.Климент Охридски. За жал повеќето се однесени од Македонија и се чуваат во Ватиканската библиотечна ризница, потоа на Света Гора, во Бугарската академија на науките и уметностите и софиските музеи, а најповгеќе во државниот архив, боблиотеките на Руската академија на науките и уметностите во Москва и Санкт Петерсбург, Рускиот архив на древни актии на други места.
“Научната и уметничка визита – Охрид 2018”, ќе трае до 27 август, кога ќе биде промовиран зборникот „За и од Киро Глигоров“, а по повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации.

автор Веле Митаноски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани