Охридската полиција ги „лови“ рибокрадците

СВР Охрид енергично се бори со рибокрадците.

Синоќа, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското езеро, полициски службеници пронајдоа и одзедоа две вреќи со 52 парчиња уловена риба пастрмка, 11 риболовни мрежи како и друг риболовен алат и прибор.
Тие се предадени во Хидробиолошки завод Охрид а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на казненото дело „незаконит риболов“ по што, ќе поднесе соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
Акцијата е спроведена во време кога нема концесионер на Охридското езеро а слични акции ќе се спроведувале и понатаму на целото крајбрежје.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани