Охридската полиција има нови телефонски броеви

Новите броеви на СВР Охрид се 219-100 и 219-111.

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека изврши промена на фиксните телефонски броеви. Така, досегашниот службен број на СВР Охрид, 262 010 и сите придружни броеви, не се во употреба и се заменуваат со новите броеви 219-100 и 219-111. За граѓаните надвор од Охрид, останува повикувачкиот префикс 046.
-Со веќе поставената нова и современа телефонска мрежа во СВР Охрид, на граѓаните им се овозможува директно бирање до локалите во сите служби. Доколку, барате одредена служба од фиксен телефон, најнапред го бирате бројот 21 а потоа и бројот на локалот.Ако барате од мобилен телефон, тогаш го избирате бројот 072 33 а потоа број на локалот. На тој начин, директно ја добивате службата или службеникот што ви се потребни, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани