На предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, а со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, информираме дека Општинскиот комитет на партијата е освежен со 11 нови искусни лица кои се дел од општествениот живот со нивната професионалност и препознатливи со своите досегашни активности.
Составот е освежен со следните членови: Наум Јамандиев – Факултет за физичка кулура-Професор по физичка култура Марија Смилески – Филозовски факултет – дефектологија Климент Наумов – Докторант на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Туристички водич Даниела Ристова – Дипломиран филолог, професор по руски Грација Бакраческа – Доктор, стоматолог Горан Стојаноски – Актер Ана Димитрова – Дипломиран правник Ристе Јанкоски – Факултет за физичка кулура, Професор по физичка култура Горан Ѓоргиески – Економски факултет Методија Анѓелкоски – Дипломиран информатичар Антонио Раткушиноски – Економски факултет Целта е што повеќе членови да бидат дел од креирањето на политиките, да се запознаат со активностите и да се вклучат во работата на партиските структури давајќи дополнителна енергија на останатите членови на општинскиот изборен штаб целосно подготвени за претстојните избори, информираат од партијата.