„Чисто како дома исто“ е мотото на големата еколошка кампања која денеска се спроведе во Охрид.
Во организација на Македонската асоцијација за цврст отпад, со поддршка на општина Охрид и амбасадата на ЕУ во чистењето на крјбрежието и езерото активно учество зедоја волонтери на Црвениот крст, туристички работници, делегацијата на Еу на чело со амбасадорот Жбогар и градоначалникот лично, кој облечен во нуркачко одело им се придружи на охридксите нуркачи.
-„ Им благодарам на организаторите на оваа благородна акција во насока на чистење на Охридското езеро на зачувување на статуспт на УНЕСко. Ваквите акции се за секоаков поздрав ние како локална самоуправа седовме активно учество во оваа акција ги поддржуваме и ќе продолжиме да ги поддржуваме во насока на зачувување на статусот на Охрид како природно и кутлруно наследтсво под УНЕСКо ги поздравуваме и се надеваме во иднина ќе имаме уште повеќе вакви акции“, рече градоначалникот Константин Гееоргиески.
-„Оваа кампања всушност е за подигање на свеста на граѓаните за да се чува и заштитува животната средина. Им се заблагодарувам и на сите граѓани кои денес се дел од оваа акција и би сакал да ги повикам сите жители да учествуваат во оваа иницијатива за зачувување на чиста животна средина„, рече минисетрот Насер Нуредини.
Амбасадорот Жбогар ги повика општините почесто да организираат еколошки акции за подогање на свеста на населението за чиста животна средина.
–„Мислам дека не треба многу да зборувам, тука да се фатам за работа бидејки дојдов да помогнам да се исчисто животната средина. Ја водиме оваа камања веќе неколку месеци и многу сум среќен дека забележувам пораст на иницијативите од страна на граѓаните и асоциите сите се желни да се придружат во чситење на околината.Мислам дека институциите треба да ги следат мислем дека општините имаат огромна улога да ја чуваат животната средина. Така и планираме да ги повикаме општините да учествуваат во овие иницијатива за учество во Европска општина за сите оние општини кои се најупорни во одржување на општините во чиста состојба“, рече евроамбасадорот Семуел Жбогар.
-„Ова е увертира на конференцијата која денес има свечено отворање во Света Софија од 19 часот каде ќе учествува и минситерот за животна средина како и утре продолжение во Изгрев Стрга каде ќе имаме 47 странски присутни гости од преку 10 држави. 0110 Мотивацијата за избор на Охрид потекна од добрите примери и целата конференција ке биде да немаме критички осврт за уптавувањето со отпад туку да дадеме еден позитивен пример како би требало сите да се грижиме за заштита на животната средина. Токму затоа го избравме Охрид тоа беше нашата мотивација“, рече претседателката на Македонската асоцијација за цврст отпад Даниела Нелепа.
Во денешната акција покрај дното на езерото во градското пристаниште се чистеше и Сатриот дел на градот и градскиот кеј.
Новинар Соња Рилковска