Новиот закон за легализација на дивоградби кој е во подготвителна фаза нема да важи за Охрид.
Градоначалникот КОнстантин Георгиески вели дека новиот закон за легализација на дивоградбите, со кој се предвидува да не биде опфатен охридско-струшкиот регион на некој начин е дискриминирачки.
„Може е дискриминирачки за граѓаните кои живеат на овој посед, заштитен од УНЕСКО, и со сите оние урбанистички проблеми кои ние ги имаме, дека е во однос на другите граѓани дискриминирачки. Ставот е поделен во однос на носење на тој закон и од страна на градоначалниците во ЗЕЛС, па ќе видиме каква ќе биде судбината на тој закон. Во тој предлог закон во став 4 е предвидено сите бесправно изградени објекти во Охридско струшкиот регион во границите на УНЕСКО, целиот тој регион да биде изземен од тој закон“, вели Константин Ѓеорѓиески-градоначалник на Охрид.
Според регистарот на дивоградби во Охрид има 1076 нелегални градби од кои 409 се во заштитениот појас, додека во Струга 3330.
Министерот за транспорт и врски Сугарески се изјасни дека по сите критики од УНЕСКО, не смее да се дозволи повеќе да се случуваат такви работи и затоа овој дел од државата ќе биде изземен од новиот закон.
