Охридскиот театар ќе се претстави и на фестивалот “Ристо Шишков”

Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид / Народен театар Охрид повторно гостуваат и тоа на театарски фестивал “Ристо Шишков” во Струмица, во ВТОРНИК, 10-ти септември со почеток од 20.00 часот, со преставата “Стаклена Менажерија”– ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС режија Софија Ристевска Петрушева.

 

Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Превод: Јасмина Петровска
Сценограф: Михаел Димитровски
Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Фото и дизајн: Петар Тасевски
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.
-Софија Ристевска Петрушева.

Social profiles