Имајќи ги предвид препораките за заштита и за превенција од корона вирусот Ковид 19, охридскиот Црвен крст во соработка со Општина Охрид, со своите мобилни тимови за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители на деца на предучилишна возраст, во текот на изминатите две недели опслужи 40 домаќинства (некои домаќинства и во повеќе наврати) со набавка на потребни намирници, лекарства и слични потреби
Исто така на 120 социјално загрозени семејства им беа доделени хуманитарни пакети со храна средства за хигиена.
Опремен со соодветна заштита, тимот се упатува на локацијата по претходен повик, по што се врши набавката и се доставува на домашна адреса. Самите граѓани си ги обезбедуваат средствата за потребните намирници. Освен за набавка на намирници за домашни потреби, се врши и набавка на лекови, препишување на рецепти кај матичен лекар и слични такви неопходни работи како што се на пример уплати во банка или плаќање на сметки.
Мобилните тимови се активни секој ден (вклучително и во викенд). Граѓаните на кои им е потребна поддршка од овие тимови, можат да стапат во контакт со Црвен крст Охрид од 8 до 16 часот, на следниве телефонски броеви:
046 261 909
070 315 309
13 112
За неодложни/итни потреби, граѓаните можат да се јават на 13 112 и по 16 часот.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
