Охридско возило удри моторциклист во кичевско

Повреден моторциклист, откако во него удрило возило со охридски регистарски таблици.

На 18.07.2018 година во 18,30 часот било пријавено дека во Кичево, на улица „Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Даево Тико“ со охридски регистерски таблици управувано од Ф.А.(43) од село Туин-Кичево и Мотоцикл „Хонда“ без регистерски ознаки управувано од А.А.(29) од Кичево. Во незгодата А.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево, се работи на целосно расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани