Охридското езеро во 20 те најубави во светот

Охридското езеро  на листата на The Guardian на 20 најдобри езера во Европа кои мораат да се посетат.

Листата е составена според искуства на читателите кои веќе ги виделе и доживеале местата. Охридското езеро е најстарото и најдлабокото во Европа, познато ширум светот по својата проѕирност, која достигнува до  22 метри длабочина. 

„Прекрасното Охридско езеро се наоѓа на границата помеѓу Северна Македонија и Алабанија. Можете да престојувате во Охрид и да уживате во прошетките во стариот дел од градот, да ги погледнете црквите кои ги има во голем број, да прошетате со брод до Свети Наум, место сместено во прекрасно зеленило каде што слободно шетаат пауни. Навечер, седнете покрај езерото со пијалок или храна(по многу разумни цени), уживајќи во сценографијата, гледајќи во лебедите. Многу едноставно се стигнува до таму – има дирекна линија од аеродромот во Лутон до аеродромот во Охрид”, пишува Гардијан. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани