Охриѓани му оддадоа почит на големиот визионер Гоце Ангеличин Жура

Историчар, археолог, конзерватор, пасиониран истражувач, научник и визионер, Гоце Ангеличин Жура даде непроценлив придонес кон науката и афирмацијата на нашето културно-историско наследство и православната црковна историја. На петгодишнината од неговата смрт, охриѓани денеска се потсетија на својот сограѓанин и на неговото дело како основоположник на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Денешното чествување го организираа неговата ќерка д-р Гордана Ангеличин-Жура и Горан Митрески, историчар кустос, во соработка со НУ Завод и Музеј-Охрид.

„Целиот свој живот го даде за науката и навистина со љубов го работеше тоа и многу сакаше наредните генерации да знаат и да бидат свесни на кое тло чекорат, колку сме опкружени со црковна историја, колку е богато нашето културно историско наследство. Да повикаме младите генерации дабидат во тек и да го продолжат делото не само негово туку и на сите заслужни охриѓани во областна на науката, историјата, културата.“ – кажа д-р Гордана Ангеличин-Жура.

За Гоце Ангеличин Жура не постоеа исцртаните граници меѓу државите. Тој е прв истражувач и на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе што резултира со откривање на нови ликови на Светите Климент и Наум. Зад себе има оставено импресивна библиографија од 20 книги, монографии и 60 научни трудови.

„Охрид има голема и силна традиција со многу познати личности охриѓани од сите профили такашто се надевам дека и за Гоце Жура понатака ќе се создадат услови за паметење. Јас и предлагав на неговата ќерка да почне да ги собира односно да направи собрани дела од сите негови објавени трудови, интервјуа по медиумите и во книгите има два три тома материјал и натој начин ќе се продолжи паметењето за тие заслужни луѓе за Охрид. “ – вели Паско Кузман.

Гоце Ангеличин Жура остави длабок печат во историјата на Охрид, охриѓани и Македонија со неговата неизмерна љубов кон културното наследство и историјата на уметноста. Тој неуморно и посветено ги евидентираше светите места, само во последната негова книга има мапирано 20 базилики и 43 цркви во стариот дел на Охрид, а таа бројка во неговиот научен век надмина илјада, вели Д-р Климент Наумов, – Факултет за туризам и угостителство-Охрид.

Извор ТВМ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани