Охриѓанец агресивно се однесувал кон полицијата.
На 12..04.2021 година во 11 часот во СВР Охрид приведен е М.М.(69) од Охрид поради агресивно однесување кон полициски службеници кои, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
