Охриѓанец ги запалил алиштата во својот стан

44 годишен охриѓанец, подолго време вршел семејно насилство и бил „жива опасност“ по животот на неговиот татко.

При последното негово агресивно однесување, тој на среде соба од семејниот стан, ги запалил сите алишта што ги имал, доведувајќи ги во опасност својот но и животите на неговиот татко и станарите од зградата. Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С. (44) од Охрид.
-Пријавениот, казненото дело го сторил н шести минатиот месец во семејниот стан во кој живее заедно со неговиот 68 годишен татко. Во момент на караница и агресивно однесување, пријавениот, загрозувајќи го животот и сигурноста на неговиот татко, извадил алишта од плакарот, ги ставил сред соба и ги запалил. Потоа почнал да фрла разни предмети од покуќнината, скршил две прозорски стакла, при тоа упатувајќи сериозни закани по животот на својот родител, изјави портпаролот Димоски.
Пријавениот З.С. е познат на службата, против кого по слични и други основи, досега биле поднесувани повеќе кривични пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани