Во Охрид се бараат сезонски работници

Шанкери,келнери ,готвачи и собарки се едни од најбараните кадри во хотелите и угостителските објекти долж езерото.

И покрај тоа што според податоците на агенцијата за вработување околу 250 невработени лица имаат завршено средно угостителско сепак дел од нив не сакат да работат во овие дејности или пак не располагаат со потребните вештини и способности. Како што пренесува република.мк, недостатокот од кадар угостителите го надополнуваат со сезонски работници. На пазарот на трудот доста барани профили се фармацевти, медицинските сестри, градежни работници и машинските техничари додека вработување чекаат дипломирани правници ,екомомисти и менаџери по туризам.

Инаку во Охрид според статистичките податоци бројот на невработени лица кои активно бараат работа изнесува 3800. Од нив 1000 се без образование или со завршено основно ,700 се со пониски квалификации 1800 со средно стручно 700 со високо стручно образование и 52 лица магистри.Од 2006 до 2016 година за 45 посто има намалување на невработеноста во Охрид а за околу 27 проценти има зголемување на вработените лица.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани